НИКОГАШ НЕ СИ САМ СО MSB INSURANCE

Со MSB Insurance Вие Сте Во Добри Раце


Осигурување на Станари

Со осигурување на станари, ќе можете да го замените она што е оштетено или украдено. Осигурувањето ги покрива вашите предмети и покуќнина во случај на пожар или чад, молња, вандализам, кражба, експлозија, ветер, од невреме и оштетување на водовод.

Сепак, оваа осигурување не опфаќа поплави, земјотреси или дотрајност. Можете да купите посебни полиси за поплави и земјотреси.


Ако сте принудени да го напуштите домот заради катастрофа, вашите дополнителни трошоци ќе бидат покриени.

Осигурувањето за станари плаќа разумна дополнителна цена за останување надвор од вашиот дом ако не можете да живеете во него заради пожар, силно невреме или други катастрофи. Овие осигурувања покриваат сметки за хотели, привремени закупнини, сметки за ресторани и други трошоци додека вашиот дом е поправен.

Сумата за иплата на дополнителните дневни трошоци се разликува од компанија до компанија.

Осигурувањето на станарот исто така ја покрива и вашата одговорност кон повредените во вашиот дом или близу вас, член на семејство или домашно милениче и ги плаќа трошоците за правна заштита ако некој ве тужи.


Одлучете колку заштита ви е неопходна

Пресметајте ги трошоците за сè што сакате да го замените ако е оштетено или украдено. Ова исто така може да послужи како основа за попис што ќе го олесни поднесувањето на побарувањето. За инвентарот, запишете ги и сериските броеви, датумите и од каде биле купени. Снимете фотографии или видеа од овие производи и ставете копија од инвентарот на безбедно место подалеку од вашиот дом.

Ако изнајмите стан или куќа ви треба осигурување за да ги заштитите вашите работи. Додека сопственикот на имотот може да има осигурување, тој само ја штити зградата. Вашите работи не се покриени.

Ние Сме На Само Еден Телефонски Повик