Со MSB Insurance Вие Сте Во Добри Раце
Авто Осигурување
Освен вашата куќа, вашиот автомобил е сигурно следниот поголем капитал во кој сте инвестирале. Одредено ниво на осигурување е задолжително во секоја држава. Можете да го комбинирате вашето авто осигурување со вашата имотна полиса за да се квалификувате за финансиска отстапка. Вие исто така ќе можете да преговарате за пониска отстапка за повеќе возила, вклучувајќи ги и личните и деловните возила. MSB Insurance има изградено мрежа на набавувачи на авто осигурување со врвните имиња во индустријата. Повеќето авто полиси се за шест месеци или една година.
Што покрива авто осигурување?
Постојат неколку нивоа на заштита, а плановите за авто осигурување обезбедуваат попусти или бонуси ако исполнувате одредени услови. Речиси секоја држава бара посебно авто осигурување за секое регистрирано возило. Некои држави, исто така, бараат дополнителна заштита за неосигурен или недоволно осигурен возач.
Обврската за авто осигурување вклучува одговорност за трошоци на друго лице, ако сте инволвирани во сообраќајна незгода. Вие сте должни да поседувате два вида осигурување за одговорност: еден за телесни повреди и еден за имотна штета на нивното возило. Секој тип може да има одредени ограничувања, затоа проверете ја вашата полиса или разговарајте со вашиот агент за деталите.
Полно каско или делумно каско осигурување ќе плати за поправки на вашиот автомобил или ќе ја покрие цената за замена на истото ако е украдено или оштетено во незгода.
Каско полиса за осигурување не е задолжителна со закон, но можеби ќе треба да ја купите како дел од вашиот договор ако имате заем за автомобил или закуп.
Полно каско осигурување ќе ве надомести за замена на вашето возило ако тоа е украдено или уништено во природна катастрофа. Овие два вида осигурување обично се вклучени заедно.
Исто таке можете да купите и добавна полиса т.н. ГАП која е потребна при изнајмување или лисинг на возило од застапништво. Овие полиси ја покриваат разликата помеѓу износот на штетата и вистинската цена на возилото за поправка или негова замена. Во прилог на оваа полиса исто така можете да добавите осигурување за помош на пат, покритие за замена на стакло и надомест за изнајмено возило.
Како можете да заштедите пари на премии за осигурување на автомобил?
Со цел да останат конкурентни и да наградуваат добри клиенти, многу авто-осигурителни компании нудат стимулации, главно во вид на намалувања или попусти на месечните премии. Некои авто осигурителни компании нудат безбедносни попусти за возачот ако е поминал одреден временски период без сообраќајна несреќа. Лицата со повисока годишна возраст можат да добијат специјални попусти, како што можат и нови возачи кои се додаваат во семејна полиса.
Исто така постојат планови со значително намаление за брачни двојки, пензионирани или лица на должност во армијата, и оние со добар кредит.